Воена помош од Лондон за Киев вредна 225 милиони фунти
Велика Британија ќе испрати дополнителна воена опрема вредна 225 милиони. Британски фунти за Украина за да и помогнат во војната против Русија.
„Храбриот народ на Украина продолжува да им пркоси на сите очекувања со својот нескротлив дух“, наведе британскиот министер за одбрана Џон Хили во изјавата.
„Но, тие не можат сами да го направат тоа – затоа Велика Британија ќе ја зајакне својата меѓународна лидерска улога во Украина во 2025 година“, додаде министерот.
Пакетот вклучува 92 милиони фунти за украинската морнарица и 68 милиои фунти за опрема за ПВО.
Тоа беше објавено откако Хили се сретна во Киев со неговиот украински колега Рустем Умеров и вклучува и 39 милиони фунти за анти-дронови системи и заштитна опрема за вооружените сили на Украина, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи