-->
-->
Водовод за туристичката населба на Беровското езеро
-->

Изградба на водовод и филтер-станица за туристичката населба на Беровското Езеро е новиот проект на Општина Берово, кој според урбанистичкиот план на населбата треба да опслужи околу четири илјади корисници.
Според Ѓорѓи Пеовски од Одделението за локален економски развој во Општина Берово со реализацијата на овој проект би се решил проблемот со водоснабдувањето во туристичката населба, на кој укажувале сопствениците на објектите, но и самите гости.
-Самиот проект за Беровско Езеро ќе опфати изградба на резервоар со филтер-станица со капацитет од 350 м3 и примарна мрежа за водоснабдување во должина од осум километри, преку која ќе биде опфатена целата туристичка населба. Црпењето на водата за филтер- станицата ќе биде од езерото со систем на променливо земање вода преку потопни пумпи кои ќе бидат спуштени во самото езеро и цевковод до резервоарот во должина од околу 750 метри, истакна Пеовски.
Со овој проект, општината планира да аплицира на Првиот повик од новата Програма на ИПА за прекугранична соработка во партнерство со општина Сандански од соседна Бугарија.
Изработката на техничката документација е од страна на проектантското биро „Енвирон“ од Скопје, а се очекува преку средствата од 500.000 евра да се реализираат двата проекти во Берово и Сандански.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
