Водовод за село Никиштани
Договор за финансирање на проектот „Изградба на дистрибутивна примарна и секундарна водоводна мрежа (L=3.304,07 m’) и разделна шахта меѓу двата резервоара во село Никиштани денеска потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Министерот Изаири појасни дека овој договор е долгодгодишен проект и баран од населението. Појасни дека ова е прва фаза, но, како што рече, Министерството ќе продолжи со кофинасирање на проектот се до неговото завршување.
Градоначалникот Митревски информира дека општината инвестирала во доводот на вода до селото, а со помошта од Министерството ќе се спроведе до секој дом.
Првата фаза од кофинансирањето предвидува три милиони денари. Вкупната сума на проектот изнесува 16 миоиони денари, а дополнително средства ќе обезбеди и општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство