Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ исчисти 5.600 метри канали и речни корита
Екипите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во јули исчистија 5.600 метри канали и речни корита, информираа денеска од претпријатието. За оваа намена одвоени се 800.000 денари, кои се обезбедени од претпријатието.
- Исчистени се каналите во Агино Село во должина од 1.400 метри, во Умин Дол половина километар, во Ново село, 1.100 метри, во Љубодраг 300 метри, во Шупли Камен 500 метри и во населбата Карпош 1.800 метри, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.
Во наредниот период, екипите на претпријатието ќе продолжат со расчистување на каналите и речните корита во населбата Ајдучка Чешма и во селата Тромеѓа, Зубовце, Шупли Камен. Согласно акциониот план за расчсистување и продлабочување на речните корита планирано е да се расчисти и коритото на Пчиња кај Меморијалниот Цнетар АСНОМ кое е критична точка и каде во минатото често имаше излевање на реката. Доколку се спушти нивото на реката Којнарка ќе се продожи со нејзино расчитување и продлабочување и ќе се спречи можноста од евентуално излевање.
Претходно во јуни беше продлабочено и исчистено речното корито на Липковка на потегот од село Липково до Опае во должина од 3,5 километри и каналот во Горно Којнаре во должина од 1, 5 километри.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари