Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
Законот за употреба на јазиците неофицијално ќе се најде пред уставните судии на 11 декември. Датумот веќе бил планиран и најавен кај судиите, иако седницата се уште не е закажана. Но, на вакавата најава, како што дознава Сител, остро се спротивствиле двајцата судиите – Албанци кои најавиле бојкот на седницата. Тоа ќе биде прв случај кога уставни судии со отсуство ќе ја блокираат работата на Судот што треба да ја брани уставноста и тоа по етничка линија.
Предметот за Законот за јазиците е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година, но стана активен есенва, по забелешките на Венецијанската комисија. Од тогаш не стивнуваат бурните реакции на албанската опозиција која смета дека Одлуката на уставниот суд ќе предизвика меѓуетнички тензии.
Откако Курти вчера му порача на Ахмети дека албанскиот јазик не е под лупа на Уставниот суд, и македонскиот премиер реакциите на ДУИ ги оцени како шокантни.
И вицепремиерот Меџити на линија на Курти.
Опозиционерот Села пак, вели дека одговор на одлуката на Судот требал да даде албанскиот народ. Му порача на Мицкоски, доколку не е против албанскиот јазик како што вели, да сенаправат уствани измени за бришење на одреденицата 20 отсто.
Од ДУИ изјавата на Курти ја оценија како скандал на штета на Охридскиот договор.
Законот з аупотреба на јазиците беше донесен во 2018 година во тензична и бурна атмосфера.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар