Водостопанство „Брегалница“ ќе гради девет водозафати
Две фирми доставиле понуда на тендерот за изградба на девет водозафати на реките на подрачјето на хидросистемот „Брегалница“, а електронската аукција е закажана за утре.
Како што истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“ - Кочани Николчо Гоцев, водозафатите ќе бидат лоцирани на реките Злетовска, Кочанска, Оризарска и Брегалница, а за нивна изградба се наменети 1,8 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
- По завршување на аукцијата ќе биде избрана фирма-изведувач и ќе се пристапи кон реализација на проектите, рече Гоцев.
Водозафатите се бетонски праг за зафаќање вода и пренасочување за потребите на земјоделските површини. Предвидено е да се изградат под мостот на Злетовска Река каде што поминува железничката линија, на Оризарска и Кочанска Река на вливот во Брегалница, како и на Брегалница кај месностите Ормански, Зрновски и Прибачевски Јаз, во близина на мостовите кај Виница и Грдовци и кај месностите Слатина, Оризарска Лака и Шакирски Јаз.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата