Македонија
7. April 2020 - 10:42

Водостојот на Дојранското Езеро втор ден расте

Втор ден по ред се зголемува водостојот на Дојранското Езеро, а на останатите две природни езера останува ист. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро денеска пораснало за три сантиметри со што е за 2,99 метри повисоко од просечното за април.

За разлика од Дојранското, водостојот на Охридското и Преспанското Езеро е понизок од просечниот и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за 92 санитметра кај Преспанското Езеро.

Нивоата на најголемиот број реки во земјава се над просекот за април, но се намалуваат во однос на вчера. Исклучок се Вардар на мерното место кај Велес и Радика кај Бошков Мост каде има мало зголемување на водостојот во однос на вчерашниот.