-->
-->
Водителката со шокантна исповед - два месеци откако била силувана почнала да ѝ паѓа косата
-->
Дваесет и седум годишната Стефани Џорџи конечно проговорила за ужасната ноќ која се случила во јули, кога ја силувал таксистот кој требало да ја однесе дома по излегувањето со пријателките. Кога наредното утро се разбудила, не се сеќавала на возењето.
Водителката на неколку емисии на интернетската телевизија „АфтерБаз“, за „Космополитен“ раскажала дека два месеци откако била силувана почнала да ѝ паѓа косата и дека во многу краток рок изгубила речиси 75 отсто од косата.
Кон крајот на семптеври одлучила да ја избричи главата.
-Толку длабоко во себе го потиснав инцидентот така што косата почна да ми паѓа. Јас не плачев, па моето тело заплака. Кога ја видов таа голема количина коса на подот, на облеката, по мене, се сетив на сè што ми се случило, рекла Стефани.
Губитокот на косата е поврзан со бројни причини и проблеми, а еден од нив е силниот емотивен стрес.
Стефани раскажала дека таа вечер почнала да се забавува со пријателките во 16 часот.
-Ова не е приказна за силување каква што би очекувале, никој не ме претепа, но ме искористи. Не знам што реков, не знам што тој рече, едноставно не бев при себе, рекла Стефани.
Подоцна за тоа не сакала да зборува, бидејќи се плашела дека луѓето нема да ѝ веруваат или ќе ја осудуваат, а најтешко ѝ било, како што вели, да им каже на родителите, посебно на татко ѝ, пишува Дејли Мејл.
-На татко ми не му кажав, мајка ми ми рече. Како да му кажете на татко дека неговото девојче, знаете… – рекла Стефани плачејќи.
Откако ја избричила главата, Стефани почнала да се чувствува подобро и конечно можела да продолжи понатаму со животот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април