Воденичаров: Добро би било БПЦ да ја признае МПЦ
Ако дојде до признавање на Македонската црква за наследник на Охридската архиепископија од страна на Бугарската црква тоа ќе биде од исклучителна корист, и ќе помогне за надминување на недоразбирањата меѓу двете земји, изјави академик Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на науките.
- И Бугарската православна црква и Македонската православна црква, како и двете држави имаат голема одговорност кон своите верници. Црковните архиереји не се само пастири, туку и духовни лица со широк светоглед кои се откажале од световните добра. Ако дојде до признавање на Македонската црква за наследник на Охридската архиепископија, која беше заедничка, тоа ќе биде од исклучителна корист. Така ќе се овозможи прашањата поврзани со духовноста на секој еден граѓанин на двете држави, да бидат на некој начин насочени кон главната цел да се прескокнат бариерите наталожени низ годините. Кога секој човек останува сам со себе и почнува да размислува малку повисоко ќе ја разбереме длабочината и потребата од таков соживот. Тоа не доближува до односот што мора да постои меѓу граѓаните на двете држави, истакнува Воденичаров во интервју за Бгнес.
Според него, ова бара мудрост од двете страни, на двете цркви, за да се дојде до еден таков чин.
- Не ги познавам добро правилата на црковната дејност, какви чекори треба да бидат направени. Да се надеваме дека ќе преовладее мудроста и чувството за одговорност кон народите што ги имаат, истакнува Воденичаров.
Тој оценува дека ова е историски момент кој политичарите треба да го препознаат и искористат.
- Политичарите се многу зафатени со работи што секојдневно им ги носи животот и оваа турбулентна состојба на Европа во која сме сега. Треба да се најде соодветниот пристап за да се привлече нивното внимание кон шансата која е поставена. Ова е историски момент и ако се направи еден таков чекор тој ќе влезе во историјата, а и луѓето што ќе учествуваат во него ќе влезат со светли имиња во историјата. Можеби треба токму на таков начин да се пристапи кон политичарите, нивното внимание да биде насочено, да посветат малку време за решавање на такви прашања и да помогнат еден таков процес, наведува академик Воденичаров.
Тој смета дека акумулираните недоразбирања меѓу Бугарија и Македонија се донесени однадвор.
- Тие не се појавија меѓу двете држави и меѓу граѓаните на двете држави. Треба што е можно поскоро да ги надминеме тие недоразбирања, зашто кога сме заедно, кога работиме заедно ќе бидеме поуспешни и посигурни, порачува академик Стефан Воденичаров.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица