Македонија
1. December 2025 - 10:05

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 187 примероци од 42 мерни места.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 24-ти до 28 ноември зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

 

МИА