Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.
Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.
Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.
Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.
Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.
Ново на Сител
-

Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
-

Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025
-

Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани
-

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе
-

Без струја дел од корисниците во Аеродром, Гази Баба, Сопиште, Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
