Водата од напукнатиот канал од ХС „Брегалница“ навлезе во неколку домови во Кочани
Напукнатиот канал на Хидросистемот „Брегалница“ кој поминува низ населбата „Шатровиќ“ во Кочани им ги наполни со вода домовите, подрумите и гаражите на жителите на улицата „Киро Кикенски“.
Водата која што непрекинато тече навлезе во домовите на луѓето кои реагираат и барат санирање на оштетениот канал или запирање на водата за наводнување.
Од Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ Кочани ја признаваат вината за настанатиот проблем и велат дека раководителот на одржување бил на лице место за спроведување акција за санирање на штетите но веројатно не е санирано квалитетно, па каналот повторно попуштил.
- Целосно ја разбирам настанатата состојба со десетина куќи во атарот на улицата „Киро Кикенски“ во населбата Шатровиќ каде што имаме пукнатини на каналот. Доколку се укаже потреба за сопирање на водата, ние целосно ќе се зафатиме за санирање на состојбата на каналот кој патем да кажам е стар 40 години, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Гоцев информираше дека до почетокот на наводнителаната сезона биле регистрирани 100-тина пукнатини од кои 20-тина се целосно санирани.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија