-->
-->
Водачите на римската „мафија на престолнината“ осудени на 19 и 20 години затвор
-->
Масино Карминати и Салваторе Буци, водачи на организираната криминална организација, која во стилот на мафијата од јужна Италија ја пустошела градската каса на Рим со злоупотреба на јавни фондови, се осудени денеска на затворски казни на крајот на еден од најголемите судски процеси во италијанскиот главен град.
Карминати, некогашен припадник на бандата Маљана, една од најозлогласените римски ултрадесничарски групи, е осуден на затворска казна од 20 години, а Буци, претходно осудуван убиец, доби 19 години затвор.
- Тие беа меѓу 46-те припадници на т.н. „мафија капитале“ или „мафија на престолнината“, на кои судењето им почна во 2015 година и кои во меѓувреме станаа симбол на корупцијата во Рим.
Сите обвинети се прогласени за виновни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија