Во земјотресот во Иран загина бремена жена, а стотина се повредени
Една бремена жена загина, а стотина лица се повредени во паниката по земјотресот со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала што синоќа ја погоди околината на Техеран.
- Повредени се 97 лица, 50 во Алборз, 34 во Техеран и 12 во Савех, изјави Мортез Салими, шеф на Агенцијата за спасување.
Иако земјотресот не предизвика големи штети на објектите, десетина илјади жители ноќта ја поминаа на отворено, плашејќи се од нов земјотрес.
Властите претходно ги повикаа жителите да останат смирени, но и да бидат подготвени за можни нови потреси.
Земјотресот бил на длабочина од седум километри под површината на земјата, со епицентар во Мешкин Дашт во провинцијата Алборз, на околу 50 километри западно од Техеран.
Според иранската државна телевизија, потресот бил почувствуван на многу места во северниот дел на Иран.
Силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени минатиот месец уништи цели села и мали градови во западната провинција Керманшах, долж планинската граница со Ирак. Во потресот загинаа 600 луѓе, а илјадници беа повредени.
Ново на Сител
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска