Во земјава пристигнуваат 20.000 вакцини од Грција
Вакцините кои Грција ги најави како помош за Македонија, денеска се очекува да пристигнат во Скопје. Станува збор за донација од 20.000 дози „Астра Зенека“, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што вчера објави МИА, информацијата од Атина ја потврдија и од Скопје, а министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за донацијата коментираше дека е „одлична вест од соседна Грција“ и му се заблагодари на грчкиот народ.
– Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, напиша на Фејсбук доцна синоќа министерот Филипче.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од мај од Брисел најави дека се разгледува можноста за директна билатерална помош за соседните земји, а неколку дена подоцна министерот Филипче соопшти дека Македонија очекува 70.000 дози вакцини, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција. Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на почетокот на месецов, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија.
Вакцините од Атина за Тирана беа испратени вчера, а пратката за Скопје ќе пристигне денеска.
Министерството за здравство синоќа информира дека вчера во земјава пристигнала нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“, додадвајќи дека станува збор за редовната пратка која земјата ја добива секој понеделник.
Од вакцините, 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
ОЈО Кочани бара мерки на претпазливост и за синот на газдата на дискотеката кој досега беше на лекување
-
Поголемите маркети ги објавија цените на производите, останатите се соочуваат со казни
-
Инженери предупредуваат: Владата озаконува фактурирање на сметки за струја со неотчитани броила
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија ги демантираше тврдењата на СДС дека уставните измени се последно барање
-
Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање
-
Денеска е Велики петок - Најстраданиот ден во Христијанството
-
Црквите во Охрид преполни со верници