Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
Министерството за транспорт и врски информира дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Досега, комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Албанија до Пештани во должина од 19 километри, a согласно договорениот рок, се очекува патот да биде целосно завршен до крајот на јуни пред почетокот на летната сезона.
Од Министерството информираат дека заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот извршено е растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда.
Останува да се доасфалтираат околу пет километри од излезот на Пештани до хотелот Метропол и да се постави заштитна ограда и хоризонтална и вертикална сигнализација.
- Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион, како што нагласува ресорното Министерство, се подигнува квалитетот на туристичкиот потенцијал и економскиот развој на Охрид.
Ново на Сител
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 2 153 повици, три пожари на отворено
-
Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт
-
Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј