Во завршна фаза продолжувањето на булеварот „Србија“ до улицата „Христо Татарчев“
Проширувањето и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементарницата до улицата „Христо Татарчев“ и изградбата на нови кружен тек е во завршна фаза.
Како што соопшти Град Скопје, на крајот од булеварот е предвидено изградба на нов кружен тек меѓу булеварот „Србија“, улицата „Христо Татарчев“ и поголем број улици и краци.
Увид во градежните работи на пробивањето денеска извршија градоначалнкот на Град Скопје Коце Трајановски и општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
Градоначалникот Трајановски изјави дека во втората фаза булеварот „Србија“ се проширува на потег со должина од 868 метри, каде ќе се добијат четири сообраќајни ленти.
- Со ова, конечно булеварот „Србија“ ќе биде завршен и изграден во целата негова должина. Покрај проширувањето на коловозот и новиот кружен тек, со градежните работи се врши и реконструкција на повеќе улици кои влегуваат во новиот кружен тек, се градат пешачки и велосипедски патеки, се поставува ново улично осветлување, а во тек е изградбата на целосно нова атмосферска канализација. На терен се работи интензивно и изградбата се одвива според предвидената динамика и сите работи ќе завршат во предвидениот рок, изјави Трајановски.
Беличанец-Алексиќ изјави дека изградбата на овој капитален проект е резултат на одличната соработка помеѓу општината Кисела Вода со Градот Скопје.
- Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи на местото на коешто се гради новиот кружен се создаваше сообраќаен метеж. Паралелно со овие градежни работи, се врши и реконструкција на дел од улицата „Христо Татарчев“ кон населбата Припор, изјави Беличанец-Алексиќ.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, во кој како што информираат Град Скопје ќе инвестира 98 милиони денари, се комплетира булеварското поврзување на општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање