Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
Мрежите духови сериозна закана за живиот свет во Охридското езеро. Напуштените или изгубени рибарски мрежи продолжуваат да ловат водни организми долго по нивната намена, предизвикувајќи штета на кревкиот екосистем на езерото.Според експертите, најголемиот проблем е што најмногу ги има точно на местата одредени како природни рибни плодишта, што се и најинтересни локации за рибокрадците.
Акции за отстранување на овие мрежи има велат од Хидробиолошкиот завод но потребно е истите да бидат во континуитет со зголемен обем и во соседна Албанија.
Инаку според податоците само во периодот од 21-ви до 24-ти јуни, од Полициската станица за граничен надзор пронајдени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од по 100 метри и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица кај Езерски лозја и дополнително кај струшкото село Калишта, пронајден е чамец со две кофи рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор.
Експертите сметаат дека за решавање на проблемот потребна е зголемена контрола од надлежните институции но и построги казни.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар