-->
-->
Во завршна фаза изградбата на инфраструктурата во Технолошко-индустриската зона во Берово
-->

Изградбата на инфраструктурата во Технолошко-индустриската зона во Берово е во завршна фаза. Во досегашниот период, завршени се работите околу поставувањето на канализациската инфраструктура, доводот на вода, а изградена е и тротоарската мрежа од улиците. Проектот предвидува довод на струја, како и инсталација на улично осветлување.
Како што истакна за МИА, градоначалникот на Берово, Драги Наџински, се очекува градежните работи во ТИРЗ Берово да завршат до крајот на овој месец, по што Општина Берово ги очекува првите чекори на Владата за овде да се донесат инвеститори, а вкупната инвестиција е половина милион евра.
- Во ТИРЗ Берово предвидени се 8 гадежни парцели за индустриски капацитети од областа на лесната и незагадувачка индустрија. Оваа зона е од огромно значење за оваа општина, но и за целиот регион, бидејќи според проекцијата се очекува овде да работат 200-300 луѓе. Со новите вработувања ќе се подобри стандардот на граѓаните, но и ќе се сопре иселувањето на младите кое последните години зема голем замав, рече Наџински.
ТИРЗ Берово се простира на површина од 17 хектари и е лоцирана во месноста Шушлевец. Сообраќајното поврзување со основната патна мрежа, се предвидува да се изведе со изградба на кружен тек со кој ќе се овозможи едноставно и безбедно исклучување и приклучување на сообраќајните токови од и во регионалниот пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерот Муцунски во неколкудневна посета на Литванија
-

Пожарот во станбените блокови во Хонг Конг однесе најмалку 44 жртви
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-

Во Белград запленети 12 килограми кокаин
-

Папата Лав XIV ќе ја посети Турција
-

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд
-

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени
-

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе го одржи петтиот партиски конгрес
