Во ОН завршија првите јавни сослушувања на кандидати за генерален секретар на ОН
Во централата на ОН во Њујорк завршија првите јавни сослушувања на кандидати за функцијата генерален секретар на светската организација по 18 часа прашања и одговори кон девет кандидати, јави ДПА.
Сослушувањата се важна мерка за добивање јавна слика за кандидатите за следен шеф на ОН. Досега највисоката функција во светската организација се одредуваше со тајни преговори и задкулисни зделки меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност во последните 70 години.
Деветтемина кандидати, кои се сметаат за фаворити, одговараа на прашања на претставниците на земјите-членки на ОН во траење од по два часа секој од нив.
- Утврдивме нов стандард на транспарентност што има потенцијал да влијае на крајниот резултат во изборот на генерален секретар на ОН, рече актуелниот претседател на Генералното собрание на ОН, Могенс Лукетофт, кој ги раководеше сослушувањата.
Се очекува СБ да ги организира гласањата од јули и да му препорача на Генералното собрание еден кандидат за функцијата генерален секретар до крајот на септември.
Новиот генерален секретар на ОН ќе стапи на должност на 1 јануари 2017 година.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна