Во Вухан една година подоцна Ковид-19 стивна, а го пустоши другиот дел од светот
Пред една година е регистриран првиот случај на коронавирус. Се работи за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи. Од тогаш до денес бројот на заразени во светот надмина 55 милиони, а од последицата што ја предизвика вирусот, починаа над 1.300.000 луѓе.
Верувале или не, коронавирусот го прославува својот прв роденден. Кога е забележан првиот случај, никој не ни очекувал дека вирусот толку долго ќе опстои, ниту дека од него ќе починат толку луѓе.
Според „Чајна Морнинг Пост“, нулта пациент е регистриран на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи.
Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.
Научниците се сомневаат дека Ковид-19 преминал од лилјак на друго животно кое подоцна го конзумирал човекот, па затоа почнало да се шири меѓу луѓето.
Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, неколку пациенти пријавувале секој ден, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27.
Броевите потоа почнаа да вртоглаво се зголемуваат, а заразата ја премина кинеската граница.
Иако повеќе од 38 милиони луѓе се опоравиле за една година, вирусот не стивнува и се чини дека врвот допрва доаѓа.
Денес, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, бележи неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новоинфицирани, а некои европски земји над 40.000.
За споредба, нешто повеќе од 86.000 луѓе биле заразени во Кина од почетокот на пандемијата, а 4.634 починале.
Во моментов, најзаразени се во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти