Во вторник размена на идеи за проширувањето, но без конкретни предлози
Министрите за надворешни работи на земјите-членки во вторник во рамките на редовниот Совет за општи работи ќе разменат идеи за иднината проширувањето, и за преговорите со Северна Македонија и Албанија, но не треба да се очекува ништо конкретно од овој состанок, велат за МИА дипломати во Брисел.
Темата за реформата на методологијата на преговарачкиот процес не е формално отворена и Франција сѐ уште не ставила ништо на маса конкретно ниту во Советот, ниту во другите институции на ЕУ, објаснуваат дипломатски извори во Советот за МИА.
– Во оваа фаза станува збор само за неформални сугестии и ставови кои ги има секоја земја членка, но позициите на секоја од нив остануваат истите и се добро познати, а во вторник не може да се очекува ништо конкретно, пред сѐ поради институционалната транзиција, појаснува дипломатски извор.
Имено, сегашниот состав на Европската Комисија е технички и не може да презема иницијативи, а новиот нема да стапи на функција најрано до први декември, така што Советот во вторник не може да вроди со конкретни предлози сѐ додека не се стабилизира институционалната сцена во ЕУ.
Тимот на идната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајн, доколку биде одобрен од Европскиот Парламент, најави дека ќе биде поддржувач на проширувањето кон западниот Балкан, а кандидатот за комесар, Оливер Вархелји, денеска посочи дека неговата амбиција е Скопје и Тирана да ги започнат преговорите пред загрепскиот самит во мај.
Секако, без разлика на амбициозноста на Европската Комисија, крајната одлука останува во рацете на земјите членки.
Што се однесува до неформалниот предлог на Франција, кој му го споменал Емануел Макрон на Стево Пендаровски, тој не е ставен на маса во Советот, а Франција не може да биде предлагач на ваква реформа.
-Секаков предлог за реформа на методологијата мора да дојде од Европската Комисија согласно институционалните правила во ЕУ, додаваат од Советот.
Земјите поддржувачи на проширувањето се и натаму активни, потврдуваат дипломатите во Брисел, и најголемиот дел од работата се врши зад кулисите и на политичко ниво.
Ново на Сител
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики
-
Преглед на вестите од светот
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш