-->
-->
Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни
-->

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево - 823.
Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор гласаат еден ден пред изборите, односно утре.
Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
