-->
-->
Во воздушните напади во Дума загинаа најмалку 96 луѓе
-->
Најмалку 96 луѓе загина, од кои поголемиот број цивили, во вчерашните воздушни напади на сириската армија врз градот Дума, бастион на бунтовниците.
Тоа е еден од најкрвавите напади преземени од режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Бројот на жртвите расте и веќе се 96, меѓу кои најмалку две жени и четири деца. Се очекува бројот на жртви да продолжи да расте бидејќи мнозинството од околу 250 повредени лица се во критична здравствена состојба, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Коалицијата на сириската опозиција на Твитер објави дека „Асад изврши нов масакр во Дума, а како цел избра преполн пазар“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот