Во војната со Русија досега загинале од 10.000 до 13.000 украински војници
Вооружените сили на Украина досега изгубија меѓу 10.000 и 13.000 војници во војната против Русија, изјави денеска за украинската телевизија Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бројките се прва проценка на бројот на загинати од крајот на август, кога главниот командант на вооружените сили на Украина соопшти дека загинале речиси 9.000 украински војници.
– Имаме официјални податоци од генералштабот, официјални бројки од високата команда и според нив имаме меѓу 10.000 и 12.500 до 13.000 убиени, изјави Подољак за Канал 24.
Отворено зборуваме за бројот на жртви, додаде тој, истакнувајќи дека ранетите војници се повеќе од загинатите. Во вчерашното видео интервју, советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, рече дека загинатите од руска страна се околу седумпати повеќе од оние на украинската страна.
Минатиот месец, највисокиот американски генерал рече дека руските вооружени сили предизвикале повеќе од 100.000 жртви (вкупно убиени и ранети) во Украина и сугерираше дека сличен е и бројот на загубите нанесени од вооружените сили на Киев.
Ново на Сител
-
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
-
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
-
Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг во Бутел
-
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
-
ДУИ прогласи победа во Липково и Пласница
-
СДСМ: Победуваме во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, водиме во Дојран но најверојатно ќе има втор круг
-
СДСМ прогласи победа во Крива Паланка
-
Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид: Историска победа, благодарам Охриде!