Во Влае 1 се реконструира улицата „Езерци“
Општина Карпош ја асфалтира улицата „Езерци“ во должина од 180 метри, а во вредност од околу еден милион денари. Фирмата-изведувач е „Ескаватори МК“ Скопје.
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски изјави дека во урбаната заедница „Влае 1“ се врши реконструкција на пет улици со вкупна вредност од околу пет милиони денари.
- Во изминатиот период беа реконструирани улиците „Гари“, „Блаже Биринчето “ и „Франц Месеснел“, а подготвителни работи се вршат на улиците „Ринхини“ и „Франц Розман“ кои во скоро време ќе бидат асфалтирани. Во моментов се реконструира улицата „Езерци“, рече Јакимовски. Додаде дека извршена е подземна реконстукција на инсталации и поставени се нови канделабри.
Јакимовски појасни дека во урбаната заедница „Влае 1“ остануваат уште две улици, а должината на коловозите досега е 900 метри. Во рок од десетина дена се очекува завршување на реконструкција на улиците во урбаната заедница „Влае 1“.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори