Во Виница ќе се формира Балканска мрежа на млади Роми
Младите Роми од седум различни држави, од денеска до недела ќе учат едни за други, ќе ги излагаат проблемите со кои се соочуваат во своите држави и ќе бараат заеднички решенија. Во рамки на проектот „Младите Роми заедно во иднината“, имплементиран од Балканската Унија на Роми и здружението „Авена “од Кочани ќе се развива балканска социјална мрежа.
- Целта е да ја развива социјалната мрежа меѓу младите Роми од Србија, Косово, Албанија, Турција, Босна, Македонија и Романија. Ќе биде формиран работен тим кој ќе ги вклучи и анализира потребите и проблемите на Ромите, и ќе се работи на изнаоѓање решенија за истите. Ќе се работи на зајакнување на врските помеѓу невладините организации од Балканот, и на создавање мрежа од самите Роми за нивно вклучување во тековниот живот, изјави Џулиета Мемедова, координатор на проектот.
Ова ќе биде прва Балканска мрежа во чии фокус ќе бидат повеќедневни обуки за развивање на лидерски вештини и подготовка на проекти.
Во проектот се вклучени и десет млади Роми и од Македонија.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот