Во весела атмосфера дочекана Новата година во Охрид
-Илјадници охриѓани и гости од земјава и странство ја испратија старата и ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид.
Забавата кулминираше пред полноќ со настапите на македонските фолк ѕвезди Ефто Пупиноски и Миле Кузманоски, а желби за многу среќа, здравје, успех, љубов… испрати и градоначалникот Кирил Пецаков.
– Оваа година ја пречекуваме во одлична атмосфера пред преполн плоштад со премногу туристи, како од земјава така и од странство. Поскаувам многу среќа, здравје, успех, љубов и 2023 година да ни е многу многу поуспешна од оваа. Да имаме само напредок на секое поле. Во 2023 година да престанат сите национални понижувања кои сите долго ги трпиме, порача Пецаков во изјава за медиумите на дочекот на Новата година на Градскиот плоштад.
Како најголем предизвик за оваа година ја смета реализацијата на големите проекти што им ги ветил на граѓаните.
– Ако кажеме дека 2022 година беше предизвикувачка со енергетската криза, би рекол 2023 ќе биде година во која се она што лично сум го замислил како градоначалник од големи проекти, дека ќе започне со реализација, а на крај на 2023 и почетокот на 2024 и се останато што сме го ветиле пред граѓаните заради кои сме ја добиле поддршката, рече Пецаков.
Полноќната забава продолжи со диџеите Багзи и Јана Slayy, а претходно атмосферата ја загреаа Петар Нечески, Татјана Стефаноска и Ѓоко Танески.
Покрај на преполниот Плоштад весело беше и во угостителските објекти каде забавата продолжи до раните утрински часови, а не изостанаа ниту традиционалните дочеци во домашна атмосфера.
Ново на Сител
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани
-
Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови