Во Велешко во вторник и среда АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации - (FAO), на 11 и 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.03.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село. Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба.

Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на африканска чума кај свињите. По спроведување на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на Планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои можат да го згрозат здравјето и благосостојбата на животните.

На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.
Ново на Сител
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
