Во велешките јавни установи расте бројот на вработени позитивни на ковид вирусот и во изолација
Поради се посилниот бран на зараза со Ковид-19 во градот, а со кој се зафатени и дел од инстутуциите градоначалникот Аце Коцевски денеска апелира до вработените во установите да пријават ако има заразен член на нивното семејство, со цел да го заштитат здравјето на останатите вработени.
Тој информира дека во ЈКП„Дервен“ пет вработени се инфицирани со вирусот, од кои еден е во велешката болница, а четири се на домашно лекување,а двајца се во изолација.
Тој информира дека две службеничка од Општина Велес се наоѓаат на лекување во Инфективното одделение на велешката Општа болница. Информира дека изолацијата на еден вработен службеник завршила вчера, но сега има други службеници и службенички од Општина Велес, кои се во изолација, заради тоа што некој од членовите на семејствата е позитивен или е со симптоми на Ковид.
Од тие причини тие одлучиле овие службеници да останат дома, а се’додека не добијат резултати од ковид тестовите за да не ги доведат во опасност здравјето на останатите вработени во општинската администрација.
Коцевски информира дека од СВР Велес вршат контрола на 358 лица кои се во изолација. Од нив 220 се во изолација заради контакт со позитивен на Ковид, а 38 се позитивни и се лекуваат во домашни услови.
– Против едно лице е покрената кривична постапка заради непочитување на мерките, појасни Коцевски.
Тој информира и дека пет полициски службеници се позитивни на Ковид и се во домашна изолација.
Инаку оваа неделава во СВР Велес еден позитивен полициски службеник за жал почина во Инфективната клиника во Скопје, а како последица од ковид.
Во изминатите осум дена СВР Велес издал 353 прекршочни налози за неносење на заштитни маски.
Коцевски најави дека СВР Велес ќе започнат со интензивна контрола дали јавните превозници во градот и општината ги почитуваат мерките за заштита при превоз на вработените до работните места.
-Се уште во Велес не е изречена казна по овој основ ,а СВР Скопје веќе има изречено кривични пријави против јавни превозници кои не ги почитуваат мерките, информира Коцевски најавувајќи засилени контроли во јавниот превоз на работниците.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО