Во Велешката касарна одбележан Денот на Командата за обука и доктрини
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, денеска беше одбележан Денот на Командата за обука и доктрини-КОД.
Пред присутните меѓу кои високи претставници на АРМ и началникот на Генералштабот на АРМ, генарал полковник Методија Величковски и заменик-началникот на ГШ бригадниот генарал Мухамед Рацај, се обрати командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љубенчо Петровски.
Тој рече дека му е чест што слават 25 години континуирана обука и едукација на воени кадри.
Тој потсети дека на почетоците обуката била фокусирана на подготовка на граничари, а подоцна се продолжило и со обука на воен персонал.
- Со цел зголемување на ефикасноста на рационализација на ресурсите, од 1996 година, наваму, во рамки на АРМ функционираат центри за обука на родови и служби во АРМ. Командата за обука е формирана во 2001 година, а во 2006 година нејзиното седиште се пренесува од Скопје во Велес. Во 2012 со најновата трансформација на Армијата, Командата добива нови дополнителни содржини и се преименува во Команда за обука и доктрини, потсети полковник Петровски.
Тој воедно информира дека се изведува индивидуалната обука преку Центарот за индивидуална обука-ЦИО, како и обука на питомците и Обуката на припадниците на АРМ за странски јазици, а согласно потребите даваат и интензивна поддршка за колективна обука на сите команди и единици на АРМ.
Воедно со најновата организациско формациска структура во КОД од 2014 година е формиран Центарот за симулации. Станува збор за Центар кој ќе користи најсофистицирани хардверски и софтверски решенија во доменот симулациите, а кои се користат во најразвиените армии на земјите-членки на НАТО.
На одбележувањето беа доделени и пофалници и признанија. Златна значка на АРМ доби првиот војник на АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. Беа доделени и награди на најдобрите единици од АРМ, учесници на одржаните спортски натпревари деновиве во Велешката касарна, како и најдобрите на литературниот конкурс „Цвет наместо пушка“ на кој учествуваа ученици од гимназијата „Кочо Рацин“, кои беа наградени.
По доделувањето на пофалниците и признанијата настапи музичката група од велешата гимназија „Кочо Рацин“ и ансамблот „Распеани Велешани“.
Ново на Сител
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО
-
Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво