Во Велешката касарна одбележан Денот на АРМ
Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес свечено беше одбележан 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија.
Пред присутните се обрати командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски, кој потсети за историската Славеј Планина каде на 18 август во 1943 година е формиран првиот батаљон „Мирче Ацев“ како прва регуларна единица на Народноослободителната војска на Македонија и тој ден се слави како Денот на АРМ.
Тој потенцира дека АРМ во сите 25 години постојано расте и се развива во современа армија.
- АРМ е столбот на државноста која ги брани границите и суверенитетот на земјата. АРМ чекори гордо на својот пат, беспрекорно извршувајќи ја својата најзначајна улога, а тоа е одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, рече половник Петровски.
На денешната свеченост согласно издадената наредба на началникот на ГШ на АРМ и командантот на Командата за обуки унапредени, во повисоки чинови на АРМ, наградени и пофалени беа петнаесетина припадници на АРМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца