Во Велес вечер со претставата „Колевка“ ќе биде затворен 13.Танц фест
На сцената на Велешкиот народен театар со претставата „Колевка” во кореографија на Грегор Луштек, вечер ќе биде затворен 13. Танц фест 2017, кој се одржува во Скопје и Велес.
Од Танц фест изјавија дека претставата „Колевка“ е прв проект на C-СИЕ Танц унија. Тоа е резултат на Танц камп, меѓународен двегодишен проект C-СИЕ, направен во соработка со Академијата за танц во Пекинг.
Нејзиниот извршен продуцент е Наташа Заволошек, асистирано од страна на интернационалните и едукаторни експерти Рисима Рисимкин и Олга Луштек. Во септември 2016 година, кореографот Луштек избра шест најдобрите танчери од два летни кампови кои се одржа во Кина, а во март 2017 година тој избра дополнителни шест танчери од Танц академија во Пекинг, за да почне да работи на овој проект.
Инаку синоќа на сцената на Велешкиот театар во рамки на Танц фест 2017 Скопје танцов театар ја изведе претставата „Кожа“ во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника