Во Велес со ликовна работилница се одбележува Светскиот ден на лицата со хендикеп
Во ПОУ „Маца Овчарова“ во Велес денеска се одржа 22. Републичка ликовна работилница на која учествуваа педесетина ученици од Основните училишта од Велес и Велешко, а заедно со нивните врсници од посебните основни училиште од Скопје, Струмица, Прилеп, Свети Николе и Кавадарци.Тие на слободна тема цртаа и боеја акварели на веќе готови грнчарски производи.
Како што појаснува за МИА, Ленче Гаданец директор на ПОУ „Маца Овчарова“ оваа ликовна работиница која работи од 1997 до денес, веќе 22 години преку бројните креативни создадени дела – сликање на грнчарски производи ја задржа симболиката на велешкиот уметнички идентитет.
-На оваа работилница децата од посебните основни училишта од цела држава преку креативните ликовни дела на оваа работилница се дружат со нивните врсници од редовните основни училишта. Позитивните емоции,дружењето, новите пријателства од заедничкото инклузивно создавање уникатни уметнички детски творби се најважната придобивка од оваа работилница која веќе е традиционална и единствена од ваков вид во земјава, потенцира Гаданец.
Ликовната работилница беше збогатена со културно-уметничка програма.
Воедно неделава во рамки на одбележувањето на 3 декември – Светскиот ден на лицата со инвалидност, учениците ПОУ „Маца Овчарова“ имаа и спортски натпревари и дружења со ученици од другите велешки училишта.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

