Во Велес се превртел 78 годишен мотоциклист, констатирани тешки телесни повреди
Синоќа околу 19 часот, во месноста Шорка во Велес, се превртел 78 годишен мотоциклист кај кого се констатирани тешки телесни повреди, потврди за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Како што информира за МИА, д-р Страхил Тодоров, екипа на Итна медицинска помош, која била повикана, веднаш отишла на лице место и му укажала прва помош на мотоциклистот кој имал отворена рана на десна потколеница и расекотина на лев агол на устата.
Од СВР Велес велат дека синоќа околу 19 часот било пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, мопед „апн 4“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 78 годишниот Ѓ.Р. од Велес, излетал од коловозот. Во незгодата, како што велат оттаму, Ѓ.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Дополнуваат дека бил извршен увид на местото на незгодата.
Д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА информира дека 78 годишниот пациент бил донесен во Ургентниот центар на болницата, а лекарскиот тим кој го прегледал утврдил дека повредениот се здобил со фрактура на лицеви коски и фрактура на десна потколеница, и е задржан на болничко лекување во велешката Општа болница.
Ново на Сител
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита