Во Велес промовиран романот „Благослов или проклетство“
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовиран романот „Благослов или проклетство“ од писателот Јован Дамјановски,што е негов 13 - ти роман.
Издавач е Меѓународниот центар за Славјанска Просвета, во состав на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ од Свети Николе.
Промотор, кој е и рецезент на романот беше проф д-р Јордан Ѓорчев од овој универзитет каде проф д-р Јован Дамјановски повеќе години беше професор сега во пензија.
Тој појасни дека прозната продукција на македонскиот писател Јован Дамјановски е потрага по најдлабоките духовни сфери на современиот човек.
- Во овој роман не се разработени обични емоционални состојби на современиот македонски човек, туку со нив се ѕирка во внатрешното огледало на човековата душа, со што се отвора простор за индивидуални размисли. Со тоа не се загрозува претставата за реалноста на животот, туку се обезбедуваат и размислувања за спротивставеноста на денешниот и најверојатно со утрешниот свет. На таков начин авторот на „Благослов или проклетство“ ја врзува својата љубопитна книжевна возбуда до литературниот феномен да се оствари допир до реалноста на животот, за генерациско препознавање, појасни Ѓорчев.
Во изјавата за МИА, авторот на делото Јован Дамјановски информира дека во романот говори за етиката и моралот помеѓу помладите и постарите.
- Младите понекогаш забораваат на вистинската етика со која живееле и се уште живеат постарите луѓе. Понекогаш на шега зборувам дека се фасцинираат од филозофијата на постарите. Но воедно сакам да кажам дека и тие се родители и треба да сфатат што треба да се почитува како традонална филозофија, како традиционален морал и етика, како традиционален начин на живот. Воедно мислам дека и тоа што не разделува млади и постари нема разлика во човечката психологија, тука треба да се препознаваме во животот како луѓе, постари помлади не е ништо страшно. Ако нешто згрешиме во животот родителите можат да ни простат и да ни дадат благослов, но ако се огрешиме кон Господа тоа проклетство ќе зависи само од Господовата волја,потенцира авторот Дамјановски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар