-->
-->
Во Велес претставени кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори
-->
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Велес на конвенција ги претстави кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев и листата на советници.
Чадиев се заблагодари за довербата за кандидирање за уште еден мандат на претстојните локални избори.
- Големо задоволство е да се биде кандидат за градоначалник на Велес, градот во кој сум роден и во кој го поминав целиот свој работен век, основав семејство и професионална кариера, градот во кој имам многу другари и пријатели. Голема е честа да се добие можноста за втор мандат, истакна Чадиев.
Осврнувајќи се на сработеното, рече дека реализирал над 270 проекти.
- Ја изградивме Индустриската зона Караслари, отворивме нови фабрики, ја изградивме инфраструктурата, вложивме многу во образованието, во спортот, културата, го отворивме новиот театар. Сето тоа е доказ дека неуморно работиме за подобрување на животот на граѓаните, потенцира Чадиев.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ има нова програма, за подобар живот.
- Во изминатата програма имавме 117 проекти од кои реализиравме 87 проценти, а во новата имаме 148 со кои ќе придонесеме за поголем економски и општествен развој. Ќе продолжиме со економски развој на индустриските зони Мамутчево и Речани два, ќе изградиме затворен градски пазар, пешачки мост со кој ќе ја поврземе населбата Речани со центарот на Велес, ќе ја одделиме атмосферската од фекалната канализација, ќе изградиме и прочистителна станица за отпадни води,..., најави Чадиев.
И актуелниот претседател на Совет на Општина Велес и носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ Александар Колев се заблагодари за укажаната доверба.
- За мене тоа е голема гордост и благодарност, но и голема обврска која ветувам дека нема да ја изневерам, истакна Колев и потенцира дека ова не се обични локални избори, туку избори на кои граѓаните се ставени пред предизвикот да кажат во каков Велес сакаат да живеат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори