Во Велес одбележани 72 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев
Општинската организација на Сојузот на борци од Велес и КДУ „Димче Мирчев“ денеска одбележаа 72 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев.
Борците и децата од велешките градинки положија цвеќе пред централната градинка во Велес, чиј патрон е Димче Мирчев.
Кицо Саздов, претседател на Сојузот на борците од Велес потсети дека Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година, а загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата, на 7 април 1944 година заедно со Киро Крстев-Налбатот. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.
- Во Велес има спомен-плоча на Димче Мирчев на неговата родна куќа, а има три бисти. Едната е поставена во градинката, втората во фабриката за талк, која исто така го носи името на народниот херој Димче Мирчев. Третата биста беше поставена во Паркот на хероите, а сега се наоѓа во депото на Велешкиот музеј и чека нова локација за поставување, најверојатно пред Спомен-костурницата во Велес, изјавија борците.
Третата биста на Димче Мирчев е дело на неодамна починатиот академски вајар Томе Серафимовски.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз