Македонија
22. November 2025 - 11:20

Приведен 44-годишен маж од Скопје, пронајдена дрога

На 21.11.2025 околу 20:00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.В.(44) од Скопје.

При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства. Д.В. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.