Во Велес одбележани 72 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев
Општинската организација на Сојузот на борци од Велес и КДУ „Димче Мирчев“ денеска одбележаа 72 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев.
Борците и децата од велешките градинки положија цвеќе пред централната градинка во Велес, чиј патрон е Димче Мирчев.
Кицо Саздов, претседател на Сојузот на борците од Велес потсети дека Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година, а загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата, на 7 април 1944 година заедно со Киро Крстев-Налбатот. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.
- Во Велес има спомен-плоча на Димче Мирчев на неговата родна куќа, а има три бисти. Едната е поставена во градинката, втората во фабриката за талк, која исто така го носи името на народниот херој Димче Мирчев. Третата биста беше поставена во Паркот на хероите, а сега се наоѓа во депото на Велешкиот музеј и чека нова локација за поставување, најверојатно пред Спомен-костурницата во Велес, изјавија борците.
Третата биста на Димче Мирчев е дело на неодамна починатиот академски вајар Томе Серафимовски.
Ново на Сител
-
Протести во Мароко: Младинскиот колектив „ГенЗ 212“ бара оставка од владата
-
МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Израел тврди дека убил тројца припадници на Хезболах во јужен Либан
-
ЕУ го поддржува Планот на Трамп за Газа, но бара почитување на меѓународното право
-
Петти ден кампања за локалните избори
-
Изгаснат голем пожар во магацини на ЈПКД „Комуналец“ - Струмица
-
ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита