Македонија
5. May 2017 - 19:18

Во Велес одбележана Неделата на сестринството

Здружението на медицински сестри техничари и акушерки од Велес денеска со свеченост го одбележа 5 мај, Денот на акушерки и 12 мај, Ден на медицински сестри и техничари, односно ја одбележа Неделата на сестринството.

Претседателот на Здружението, Ружица Нацева изјави дека голема е улогата на медицинските сестри, техничари и акушерки во системот за лекување и пружање на медицинска помош на болните во здраствените установи во земјава.

- Улогата на медицинските сестри, техничари и акушерки во здравствениот систем е незаменлива. Тие се грижат за здравјето на болните и подобрување на нивната здравствена состојба. Посебно значајна е улогата на акушерките кои им помааат на жените да се породат и на свет ги донесат своите деца, работа која посебно тешка и одговорна, посочи Нацева.

На свеченоста беа доделени и традиционалните општински благодарници на шестте најдобрите медицински сестри, техничари и акушерки, како и републичките признанија. Признанија добија и Одделението за медицина на труд и Интерното одделение при Велешката општа болница.

Републичките признанија годинава ги добија медицинските сестри од Велес, Љубинка Думовска и Оливера Миланова, а признанијата ќе им бидат врачени на 12 мај во Скопје.