Во Велес одбележан Меѓународниот ден на лицата со хендикеп
Општина Велес во соработка со ПОУ „Маца Овчарова“ денеска во Велес го одбележа 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.
Во ПОУ „Маца Овчарова“ беше организирана ликовна етно работилница на која учениците од тоа училиште преку изработка на ликовни творби денеска ликовно твореа со учениците од други посебни основни училишта од земјава и основните училишта од Велес.
Во етно работилницата учесниците на глинени чинии сликаа етно орнаменти и украси, а под менторство на своите професори.
Како што појасни Велко Свеќаров, професор по ликовна уметност во ПОУ „Маца Овчарова“, целта беше заедничко дружење преку ликовната уметност на учениците од основите и училиштата со посебни потреби од земјава.
Во рамки на програмата се одржа и богата културна програма од страна на ученици од ПОУ „Маца Овчарова“.
Инаку Меѓународниот ден на лица со хендикеп по традиција беше одбележан и со богата програма во Дневниот центар за лица со посебни потреби, а каде престојуваат деца и млади со посебни потреби од градот.
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици