Во Велес изминатата недела 817 заболени од грип, најголем број се деца
Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 817 заболени од грип од кои најголем број се деца, а бројката е приближно двојно повеќе од претходната недела кога беа евидентирани 468.
Како што информира за МИА д-р Бојан Тодоровски од ЈЗУ Центар за јавно здравје, од вкупно од 817 заболени во групата до четири години заболени од грип се 154 деца, а од 5 до 14 години 314. Во групата од 15 до 64 години има 322 заболени, а од кои голем дел се деца – средношколци. Во групата над 65 години се регистрирани 27 заболени. Или во текот на февруари во ЈЗУ Центар за јавно здравје регистрирани се вкупно 2.176 лица заболени од грип, а во јануари биле евидентирани само 88.
Д-р Тодоровски очекува од оваа недела па натаму бројот на заболени од грип да опаѓа.
Инаку, според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес и велешко нема ниту сомнителни ниту заболени од коронавирус.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ден на револуционерната борба
-
Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-
Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
-
ДИК одлучува по приговорите
-
Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-
СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-
Преглед на вестите од светот