Во Велес годинава нема нови случаи на туберколоза
Таа потсетува дека туберколозата која е заразна болест предизвикана од бактерија до пред неколку години имаше замав, но за среќа, вели, годинава е сведена на минумум.
-Ние прво болниот го упатуваме на едномесечно лекување во Институтот за белодробни заболувања во Скопје, а потоа како лекарски тим го продолжуваме неговото лекување амбулантски со пропишување и давање соодветна терапија со лекови и следење на здраствената состојба на пациентот. Истовремено, ја проверуваме и состојбата со здравјето на останатите членови од семејството на заболениот, бидејќи болеста е заразна, појасни др Ковачки.
Таа потсети дека во 2012 година кај нив имало регистрирани 15 нови заболени, кои се од Велес како и од други градови од Повардарието, кои се лекуваат во амбулантата на Инфективното одделение при велешката ЈЗУ Општа болница.
Инаку, Анти туберколозниот диспанзер (АТД) во Велес, кој беше сместен во посебна зграда, поради неговата дотраеност беше затворен во септември 2013, а медицинската екипа на диспанзерот се префрли и веќе шест години работи на Инфективното одделение при велешката Општа Болница.
Во рамки на Неделата за борба против туберколоза, која се одбележуваше од 14 до 21 септември, општинскиот Црвен крст во соработка со др. Ковачки од велешката болница, вчера одржаа превентиво предавање на тема „Туберколоза и како да се заштитиме од оваа болест“ за членовите на Здружението на пензионери од Велес.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци