Во Велес доделени признанијата на најдобрите крводарители

Општинската организација на Црвен крст Велес по повод претстојниот празник 17 март – Ден на крводаритеството и Ден на Црвениот крст, попладнево ги додели традиционалните признанија на најдобрите крводарители за 50, 75 и сто пати доброволно дарувана крв. Признание за јубелејно 100.то дарување прими Симон Костанчев, а му го врачи др. Милчо Трајков претседател на ООЦК Велес и претседател на Црвениот крст на Македонија.
Признанија за 75 крводарувања им се доделија на Амди Махмудовски, Стојанче Иванов и Димче Наумов,
Признанија за 50 дарувања добија : Трајче Димовски, Тони Ангелов, Сузана Давчевска, Павле Тасковски, Нада Сарагинова, Љупчо Костадиновски, Јонуз Демиров и Сашко Андреев.
За најуспешна организација според работното место е прогласен Гарнизон на АРМ во Велес. За најуспешна основна организација според место на живеење – населба Чашка. Најдобра образовна интитуција – Општинско основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Велес и Најдобар мотиватор за крводарителство – Теодора Југова.
Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константов-Џинот“ утре во Велес ќе се одржи традиционалната Републичка манифестација по повод Денот на крводарителството и Ден на Црвениот крст 17 март.Покровител на манифестацијата е министерот за здравство Венко Филипче.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
