Во Велес акција за чистење на коритото и крајбрежјето на Вардар
Велешкото здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска изврши еколошка акција за чистење на бреговите и коритото на реката Вардар во Велес.
На потегот од Нов мост преку Мало Мовче до Стар мост во централното подрачје на градот шестмината учесници-спасители на вода собраа шест големи црни вреќи со ситен и среден отпад од брегот. Воедно од коритото на Вардар собраа исечено дебело дрво, а во соработка со екипи на ЈКП „Дервен“ од водите на Вардар извадија дрвја, гранки, колтуци, како и еден кревет и еден браник од автомобил.
Како што информира за МИА, Зоран Кимов од Здружението, целта на оваа акција е да се придонесе за почисто крајбержје и побезбедно корито на Вардар.
-Вардар во минатото беше омилено место за рекреација на велешани, последниве години ретко кој рекреира покрај него, а ова место е најпосетено од рибарите и по некој посетител. Ние членовите на нашето Здружение преку еко-скици сакаме да придонесеме за почисто крајбрежје и побезбедни води, за велешани во иднина повторно почесто да го посетуваат. Затоа апелираме до сите граѓани да ја чуваат реката и крејбрежјето, а отпадот да го фрлаат во канти и контејнери за отпадоци, потенцира Кимов.
Оваа акција е дел од проктот „Чувари на Вардарското крајбрежје“, а следната ваква акција е планирана да се изведе во август, најави Кимов.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот