Пијан велешанец без возачка дозвола направил три сообраќајки
На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал и на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ удрил во паркирано патничко возило „тико“ со велешки регистарски ознаки.
По преземени мерки, полициски службеници го запреле, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“ и поднесоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон