-->
-->
Во Велес 14-годишен ученик паднал од прозор на бетон во учелиште
-->
Во основното училиште „Панко Брашнар“ вчера утро, пред почетокот на наставата, ученик од деветто одделение паднал од прозор на висина од пет метри на бетон и се здобил со тешки повреди. Немилиот настан се случил додека детето си играло со соученици.
Од СВР Велес информираат дека детето било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.
Како што информира за МИА Тодор Јаковлевски портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес детето се здобило се тешка скршеница на потколеница и поради сериозноста на повредата била преупатено на понатамошно лекување на Клиниките „Мајка Тераза“ во Скопје.
Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница