Во Вашингтон последни подготовки за инаугурацијата на Доналд Трамп
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе положи заклетва во понеделник во затворен простор во зградата на Капитол поради најавите на метеоролозите за исклучително ниски температури.
– Временската прогноза за Вашингтон со факторот на ветер може да ги спушти температурите на рекордно ниско ниво. Низ земјата дуваат арктички ветрови.
Не сакам луѓето да се повредат на кој било начин, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Ротондата под куполата на Капитол се подготвува како алтернатива за секоја инаугурација во случај на лошо време.
Церемонијата на полагање заклетва последен пат беше преместена внатре во 1985 година, кога претседателот Роналд Реган го започна својот втор мандат.
Прогнозата за понеделник предвидува најниска температура за Денот на инаугурацијата од 1985 година.
Претседателот во заминување Џо Бајден, членови на Конгресот и други официјални претставници и истакнати гости ќе можат да ја следат церемонијата во Капитол.
Потребни се алтернативни планови за повеќе од 250,000 гости кои имаат билети за да ја следат инаугурацијата пред Капитол, а уште десетици илјади се очекува да бидат во делови каде што е дозволен пристап или долж трасата на инаугуративната парада од Капитол до Белата куќа.
Трамп најави дека другите настани што ја придружуваат инаугурацијата, вклучително и собирот во недела и неговото учество на три инаугуративни балови во понеделник навечер, ќе се одвиваат според планираното.
Тајната служба, која го води безбедносното планирање за инаугурацијата, соопшти дека работи со организаторите за да ги „прилагоди“ своите планови за настанот поради промените.
Националната метеоролошка служба предвидува дека температурата напладне, кога е закажана заклетвата, ќе биде минус шест Целзиусови степени, најстудено од втората инаугурација на Реган кога температурата беше минус 14 Целзиусови степени.
Кога Барак Обама положи заклетва, температурата беше минус два Целзиусови степени.
Инаугуративниот комитет објави дека, како и за време на неговата прва инаугурација, Трамп ќе положи заклетва на семејната Библија што му ја дала неговата мајка, како и на Библијата што ја користел претседателот Абрахам Линколн за време на неговата прва инаугурација во 1861 година.
Потрпретседателот Џеј Ди Ванс, пак, ќе положи заклетва на семејната Библија што му ја дала неговата баба.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија