Во Валона запленети 725 кг марихуана, уапсен познат бизнисмен
Полицијата од приморскиот град Валона заплени 725 клограми марихуана и два автомобила.
При контрола на четирикатница,сопственост на бизнисмен,полицијата дрогата ја открила на вториот и четвртиот кат.
Упасени се, сопственикот на куќата,познат бизнисмен А.К.(34) и неговиот брат Џ.К.(41),за кого од истрагата била утврдена вмешаност во недозволена трговија со дрога.
Во исто време во соработка со Обвинителството,секторот за економски и финансиски криминал и други соодветни служби , во тек се активности за утврдување на потеклото и запленување на објектот и бизнисот на А.К.за кој постојат основи на сомненија дека се стекнати од криминална активност,односно недозволена трговија со дрога.
Како што соопштија од полицијата продолжуваат активностите во рамки на Националниот оператвен план за отркивање и уништување на производството,продажбата и трговијата со наркотични средства,како и запленување на имот стекнат од кримнални активности.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството